Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи започнал преговори со Мино Раиола, а причина е еден од најпознатите голмани во светот.
Според информациите на Италијанците Челзи покажал интерес за Џанлуиџи Донарума.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Росонерите“ никако не успеваат да започнат преговори со Донарума за продолжување на соработката, Раиола неодамна изјави дека имаат други приоритети и Челзи би можел да ја искористи таа ситуација.
Договорот на младиот голман со Милан му истекува за помалку од една година и изгледа сега тој е метата на Челзи за замена за Кепа кој се покажа како промашување.
Сепак, доведувањето на Донарума ќе биде тешка мисија и проценката дека Милан нема да го пушти својот голман за сума помала од 50 милиони евра. Ако се случи Донарума да дојде во Челзи тогаш веројатно Кепа ќе бара нова средина.