Дома Фудбал Англија Челзи заминува на американска турнеја – Покетино им соопштил на пет играчи дека се отпишани

Челзи заминува на американска турнеја – Покетино им соопштил на пет играчи дека се отпишани

Челзи минатата сезона имаше премногу пријавени играчи, а на тренинзите редовно имаше меѓу 33 и 40 ѕвезди на лондонскиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тиаго Силва во едно интервју дури изјави дека морале да ја прошират соблекувалната затоа што не можe да ги собере сите. Сепак, летово имаше доста заминувања.

Клубот веќе го напуштија Каи Хаверц, Мејсон Маунт, Кристијан Пулишиќ, Матео Ковачиќ, Калиду Кулибали, Едуард Менди, Рубен Лофтус-Чик, Н’Голо Канте и Цезар Аспиликуета.

Исто така, новиот менаџер на клубот Маурисио Покетино продолжи да го намалува списокот, отпишувајќи ги Хаким Зијех, Пјер-Емерик Обамејанг и повратникот Ромелу Лукаку, според Дејли Меил. Не смета на тие тројца и ќе мора да бараат нови клубови.

Преселбата на Зијех во саудиската лига, во Ал Наср на Роналдо пропадна откако лекарските прегледи открија проблем со коленото, додека Лукаку го бараат и Ал Хилал и Јувентус по завршувањето на неговата позајмица во Интер.

Другите две ѕвезди кои останаа во тренинг центарот на Челзи во Кобам се младите Омари Хачинсон и Харви Вејл. Тие ќе бидат дома со Зијех, Лукаку и Обамејанг додека остатокот од тимот оди на подготовки во САД.

Освен пријателскиот натпревар во Рексам, Челзи во претсезоната ќе игра и со Брајтон, Њукасл, Фулам и Борусија Дортмунд.

Двократниот освојувач на Лигата на шампионите имаше разочарувачка сезона, нема да игра ниту во Европа, па ова лето е можност за целосен ремонт на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Катастрофа за Слот: Уште еден фудбалер си заминува бесплатно од Ливерпул

Ибрахима Конате ќе го напушти Ливерпул како слободен играч кога на договорот ќе му истече …