Џек Вилшер е мета на многу екипи, бидејќи се’ уште го нема продолжено својот договор со „Топчиите“.
Неговиот важечки договор е до јуни 2018. година, што значи дека доколку не го продолжи договорот, секој тим ќе може да преговара со него и да го донесе во своите редови без обештетување.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Арсенал мора брзо да реагира, инаку би можел да остане без овој играч за врска.
Верувале или не, Челзи и Манчестер Сити се во трка да го донесат повремениот репрезентативец на Англија. Челзи е во нешто подобра ситуација, имаат голема желба и во тој тим Вилшер би можел да изнуди поголема минутажа отколку во Манчестер Сити.
Сепак, во Арсенал веруваат дека тој би можел да заигра фантастично, по што би следел нов договор.