Челзи изненадувачки влезе во трката за потписот на играчот на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум.
Така тврди шпанска „Марка“, која пренесува дека Барселона добила сериозен конкурент за потписот на Вајналдум.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Холанѓанецот чиј договор со Ливерпул истекува на крајот на сезоната е еден од приоритетите на Роналд Куман за летниот трансфер прозорец.
Според „Марка“ Барселона не е единствен кандидат за потписот на Вајналдум бидејќи интерес за играчот покажуваат уште Челзи, Јувентус и ПСЖ.
Челзи веќе стапил во контакт со агентот на Холанѓанецот и не е исклучено да понудил значително подобри финансиски услови отколку Барселона.