Дома Фудбал Чалханоглу става потпис на нов договор

Чалханоглу става потпис на нов договор

Хакан Чалханоглу е блиску до потпишување на нов договор со Интер, пренесува „Калчомеркато“.

Турскиот плејмејкер одлично се вклопи во тимот на „нероаѕурите“ и е еден од најважните играчи во формацијата на Инзаги.

Чалханоглу кога пристигна потпиша 3-годишен договор, па на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Интер сака долгорочно да го задржи во своите редови, па започна преговори за продолжување на соработката.

Двете страни постигнале начелен договор и Чалханоглу наскоро ќе ја продолжи верноста со италијанскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одложени 24 натпревари од Купот на кралот по трагедијата кај Толедо

Шпанската фудбалска федерација ги одложи сите 24 средби закажани за среда навечер. Одлукат…