Дома Фудбал Италија Чалханоглу: Навивачи на Милан се уште сакаат да се сликаат со мене

Чалханоглу: Навивачи на Милан се уште сакаат да се сликаат со мене

Пред почетокот на оваа сезона турскиот фудбалер Хакан Чалханоглу направи трансфер од редовите на Милан во Интер, но тврди дека помеѓу „росонерите“ се уште е почитуван.

Во Интер Чалхноглу се пресели како слободен играч откако му заврши договорот со Милан. За голем број навивачи тој стана „предавник“, но има и такви кои не му замеруваат премногу.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„И после трансферот во Интер сум сретнал многу навивачи на Милан, често пати сме излезени со моето семејство. Тие уште сакаат да се сликаат со мене и ми зборуваат дека ме сакаат. Не сум имал проблем со никого, се уште сум во контакт со поранешните соиграчи. Ако постигнам гол против Милан ќе го правам тоа што вообичаено го правам“.

„Во Милан поминав четири убави години и имам многу пријатели таму. Зад мене имам тежок период, но последните две сезони беа подобри од првите две. Ги знам моите квалитети и не бев изненаден кога пристигна понудата од Интер. Не се плашев дека можам да останам без клуб“, изјави Чалханоглу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …