Дома Фудбал Италија Чалханоглу има „стари сметки“: Не се поздрави само со еден играч на Милан 🎥

Чалханоглу има „стари сметки“: Не се поздрави само со еден играч на Милан 🎥

Mилан во градското дерби вчера го совлада Интер во одличен натпревар со 3:2. Дербито донесе убав фудбал и голови, а еден момент од пред почетокот на натпреварот не помина незабележано.

Во центарот на вниманието беше Хакан Чалханоглу кој од Милан премина во Интер. Турскиот фудбалер при поздравувањето пред натпреварот не му пружи рака само на Тео Ернандез.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Причината датира од јуни. Тогаш Милан ја освои титулата, а Ернандез иницираше скандирање за сеир на Чалханоглу. Чалханоглу на почетокот на таа сезона не го продолжи договорот со Милан и премина во Интер изјавувајќи дека тоа го прави за да освои титула.

Но, место титулата ја освои неговиот поранешен тим Милан, па затоа следуваше и „фаќање“ сеир на Чалханоглу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изненадувачка одлука: Баерн Минхен се договори со Компани

Баерн Минхен веќе подолго време е во потрага по нов тренер, откако стана јасно дека Томас …