Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, на пресконференцијата по пријателскиот меч со Реал Мадрид зборуваше за иднината на Осман Дембеле.
Французинот влезе во последната година од договорот и има откупна клаузула од 50 милиони евра, а медиумите се сигурни дека ПСЖ е спремен да ја плати таа сума.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дембеле беше стрелец во 15-та минута за Барселона против Реал, а Чави изјави дека не може да гарантира за неговата иднина.
„Не можеме да го контролираме пазарот. Има клаузули, одлуката е на него. Ќе видиме, никогаш не се знае во преодниот рок. Мислам дека Осман е среќен во Барселона. Кога би имало некакви проблеми, сигурно би ми кажал. Сега за сега е тука“, изјави Чави.