Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Цела Франција на нозе: Што се случува со Мбапе?

Цела Франција на нозе: Што се случува со Мбапе?

Љубителите на фудбалот ширум целиот свет со нетрпение го очекуваат полуфиналниот дуел помеѓу Франција и Белгија на Мундијалот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Навивачите на „триколорите“ голема надеж полагаат во младата ѕвезда Килијан Мбапе, но денешните вести кои пристигнаа од Санкт Петербург ги загрижија фановите.

Имено, Мбапе не го одработи последниот тренинг пред мечот со Белгија, поточно тинејцерот воопшто не се појави на трининг со остатокот од тимот.

Се уште не е познато зошто Мбапе го пропуштил денешниот тренинг. Дали заработил мала повреда или Дешамп само сакал да го одмори за дуелот со Белгија утре.

Француските со право се загрижени и се прашуваат што се случува со Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ова не можеа да го направат ниту Роналдо ниту Меси: Ѕвезда на ПСЖ собори рекорд во ЛШ!

Во финалето на Лигата на шампионите ќе ги гледаме ПСЖ и Арсенал. Парижаните успеаја да го …