На официјалниот Твитер профил на Рома често пати знаат да се пошегуваат, во тоа се уверивме веќе неколку пати.
Сепак изгледа администраторите на овој профил врвот на инспирација го доживеаа откако хрватскиот фудбалер, Анте Чориќ потпиша за нивниот клуб. Тие низ една интересна објава која содржи четири фотографии објаснија како всушност дошло до трансферот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првата фотографија го покажува нивниот спортски директор Мончи кој во друштвно на претседателот Џејмс Палота гледа во својот милен телефон. Следната не води до поpуларната игра „Фудбал Менаџер“. Добро познато е дека се работи за најдобрата менаџерска симулација која е направена и која нуди навистина реални оцени за поголемиот дел од играчите. Токму на тоа алудираа во Рома – Мончи го анажирал Чориќ поради неговите оценки на друштвените мрежи.
— AS Roma English (@ASRomaEN) May 28, 2018