Дома Фудбал Останато Хрват објави фотографија како доказ: Не гласав за Меси! (ФОТО)

Хрват објави фотографија како доказ: Не гласав за Меси! (ФОТО)

Лионел Меси во понеделникот ја освои наградата од ФИФА за најдобар фудбалер во светот и така го наследи Лука Модриќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Чудесниот Аргентинец славеше во изборот на новинарите, селекторите и капитените на репрезентациите.

Меѓутоа откако ФИФА како и секоја година објави кој за кого гласал започнаа да се појавуваат луѓе кои тврдат дека не гласале како што запишале во ФИФА.

Прво од Египет тврдеа дека гласале за Салах (тука) и бараа објаснување од ФИФА, а сега се огласи и Хрватот Здравко Логарушиќ кој е селектор на Судан.

Тој објави фотографија на која се гледа дека гласал за Салах, Мане и Мбапе. ФИФА објави дека Логарушиќ гласал за Меси, Ван Дајк и Мане.

„Го фотографираф листот со потпис на адвокатот на Фудбалскиот сојуз на Судан. Не знам што се случило понатаму“, изјави Логарушиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …