Селекциите на Хрватска и Црна Гора одиграа натпревар во Сплит, а на овој меч домаќинот на Европското првенство имаше тешка задача за да стигне до победата.Натпреварот го водеа македонската судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Конечните 25:22 беа во корист на Хрватите, но тие имаа тешка задача за да се изборат за победа против селекцијата на Црна Гора. Мораа во текот на сите 60 минути да притискаат за да стигнат до победа, па на крајот да се радуваат.

Хрватска ја одржуваше предноста од 2-3 гола и во второто полувреме.Васко Шеваљевиќ со шест гола беше најефикасен во составот на Црна Гора. Мануел Штрлек со пет погодоци го предводеше нападот на Хрватска.

Црна Гора е наш втор противник на ЕП во Загреб на 15 Јанаури

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Инцидент на ракометен натпревар во Белград: Играч нокаутиран, татко му влета на теренот

Натпреварот меѓу Лавови и Партизан во ракометната лига беше обележан со инцидент во 54. ми…