Дома Останати Кошарка Хрватите тврдат: Тепачката може да ја одлучи серијата, ваков Партизан нема шанси против Реал!

Хрватите тврдат: Тепачката може да ја одлучи серијата, ваков Партизан нема шанси против Реал!

Скандалот кој се случи на вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Партизан денес е во центарот на вниманието. Реал Мадрид губи со 2:0, но можеби токму тепачката за која „кралевите“ беа виновни да ја одлучи целата серија во нивна корист.

Кошаркарите на Партизан победија во двата натпревари во Мадрид и сега во Белград имаат две меч топки пред домашните навивачи.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сепак, во фокусот е хаосот кој се случи во завршницата од вчерашниот натпревар. Се чекаат казните од Евролигата и суспензиите кои би можеле да го одлучат четвртфиналето.

Хрватските медиуми од посебен агол се занимаваа со потенцијалните казни за актерите. Според нив Реал има предност. Се напоменува дека ако Евролигата се држи до правилата кај Партизан би биле суспендирани тројца кошаркари, а кај Реал двајца.

„Партизан би можел дури три натпревари да остане без својот најдобар играч Кевин Пантер, без вториот најдобар Матијас Лесор и важниот Данте Егзум кој заработи повреда. Ќе остане и без веројатно уште неколкумина кои удираа противнички кошаркар“, пишува „Спортске новости“.

Се напоменува дека Реал ќе остане без двајца важни кошаркари, но тоа за нив можеби и нема да биде голем проблем.

„Реал ќе остане без Жерсон Јабуселе и Габриел Дека, тие се важни, меѓутоа Реал може лесно да ги замени. Реал има многу подолга клупа од Партизан“, се додава во текстот.

Валтер Таварез би можел да се врати за наредните натпревар, па така серијата е далеку од завршена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Потсетија на Зидан и Матераци: Фудбалер на Мајорка удри соиграч со глава (Видео)

По три последователни лигашки натпревари без победа, фудбалерите на Барселона вчера со 5:1…