Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Храбрата Швајцарија елиминирана од Шпанија во пенал драма 🎥

Храбрата Швајцарија елиминирана од Шпанија во пенал драма 🎥

Денес првото четвртфинале на Европското првенство го одиграа Швајцарија и Шпанија кое донесе големи возбудувања.

Не изгледаше дека Шпанија ќе има проблеми кога во 8-та минута „Фуријата“ стигна до предност. После еден корнер топката дојде до Жорди Алба кој фудбалски „на прва“ шутираше. Топката на патот до мрежата го погоди Закарија и заврши зад грбот на Зомер. Овој автогол беше 10-ти на ова Европско првенство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По тој гол Швајцарија не падна, напротив како што одминуваше времето изгледаше како Шпанија да се повлекува, а Швајцарците беа се подобри и подобри. Таквата игра им се исплатеше во 66. минута кога Џердан Шаќири го изедначи резултатот. Десетина минути подоцна Швајцарија остана со играч помалку, Фраулер по еден остар старт заработи исклучување.

И со играч помалку Швајцарија не и дозволи на Шпанија да игра. Избраниците на Енрике имаа по некоја прилика, меѓутоа Зомер беше фантастичен и не дозволи Шпанците да се израдуваат. До крајот на регуларните 90 минути и во дополнителните 30 не видовме погодоци, па се пристапи кон пенал рулетот.

Серхио Бускетс ја погоди стативата во првиот пенал, но за негова среќа Унаи Симон го одбрани пеналот на Жер во втората серија. Јан Зомер веќе во следниот пенал го одбрани ударот на Родри и ја врати предноста за Швајцарија, меѓутоа и кај Швајцарците Аканџи не реализираше, па и по третата серија остана 1:1. Во следната серија Морено реализираше, за Рубен Варгас кај Швајцарија да го има најлошо изведениот пенал денес. Точка на пенал драмата во петтата серија стави Орајзабал.

Вечерва ќе потсетиме во дербито на четвртфиналето се сретнуваат Белгија и Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…