Јапонскиот фудбалер Кеисуке Хонда е пред потпис со новиот клуб, но имал едно чудно барање.
33 годишниот фудбалер во текот на летото им се нудеше на Милан и Манчестер Јунајтед, потоа потпиша за Витесе. Сепак, неговата авантура во Холандија експресно се заврши.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега се појавија информации дека бразилскиот Ботофаго сака да го доведе Хонда и таа зделка наводно е блиску до реализација. Сепак, потпис се уште нема.
Бразилските медиуми пишуваат дека Хонда бара од клубот да му се обезбеди блиндиран автомобил за да стане нивни играчи.
Според информациите, Јапонецот нема да се откаже од своите барања и за да потпише Ботофаго ќе мора да му пронајде блиндиран автомобил.