Дома Фудбал Холандскиот голман се огласи по страшната повреда: Се гледаме наскоро

Холандскиот голман се огласи по страшната повреда: Се гледаме наскоро

Голманот Етјен Васен (28) добро се опоравува по тешката повреда на натпреварот против Ајакс во саботата навечер.

Да потсетиме, средбата од 7. коло на Ередивизија меѓу Валвијк и Ајакс беше прекината во 85. минута при резултат 2:3.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Вaсен остана да лежи неподвижен по сударот со Брајан Броби од Ајакс, кој се обиде да стигне до топката пред него. Броби случајно го удрил со нога во глава.

Соиграчите веднаш ѝ сугерираа на клупата дека нешто не е во ред, а лекарите се упатија кон Весен, кој лежеше без свест на тревникот.

Голманот се оживуваше на теренот, а играчите на двата тима плачеа и беа во целосен шок. Валвијк во текот на ноќта објави дека голманот е свесен и дека му биле направени низа тестови во болницата, а недолго потоа стигна веста дека неговата состојба е стабилна.

Весен сега и се обрати на јавноста преку официјалната веб-страница на клубот: „Почитувани членови, колеги и поддржувачи на Валвијк, најпрво би сакал да им се заблагодарам на медицинскиот персонал во Ајакс и на персоналот на брзата помош за нивниот брз и коректен третман. Поддршката доаѓа од сите страни. Би сакал да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои сочувствуваат со мене и моето семејство. Поддршката е многу ценета.

Утрово имав краток видео повик со моите соиграчи, персоналот и сите вклучени во Валвијк. Беше многу убаво да се видат сите повторно. Првиот период од моето опоравување се состои од одмор. Поради ова, нема да можам да одговорам на сите пораки во следниот период. Засега важно е да се фокусираме на натпреварот против Алмере Сити следната сабота. Како членови на Валвијк, да му даваме голема поддршка на тимот. Имам целосна доверба во соиграчите, следната сабота ќе се борат за победа! Се гледаме наскоро!”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти: “Нејмар има доволно време да се спреми за СП”

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти изјави дека Нејмар сè уште е во конкуренција за играчи…