Хесе Родригез не играл скоро една година и тешко може да се очекува нешто од неговата кариера.
Овој фудбалер во интервју за „АС“ зборуваше за периодот во Мадрид и изјави дека имал лажни пријатели.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Искрено ми недостасува играњето фудбал, сакам само да заиграм што е можно побрзо. Се чуствувам добро, се спремам и го чекам преодниот рок. Ќе помине скоро една година од когап оследен пат играв. Ниту тогаш не одиграв цел натпревар, не се сеќавам ниту на датумот, помина навистина многу време. Тешко е да сте фудбалер, а да не можете да играте. Сепак се обидувам да гледам од позитивната страна. Сега сум опкружен со луѓето кои ги сакам и променив некои навики во својот живот“.
Што сте промениле?
„Ги променив пријателите. Мислев дека имам некои пријатели кои би го дале и живтот за мене, но тоа не било така. Кога сте млад, познат и имате пари некои работи не ги гледате на најдобар начин. Со текот на времето се научив. Сега цврсто стојам на земја и реалноста ми е поинаква“.
Дали посетувавте психолог?
„Никогаш, но знам дека Алваро Мората посетуваше и дека му беше тешко поради ситуацијата низ која минуваше. И јас правев погрешни одлуки, но сега барем знам каде грешев и на поинаков начин им пристапувам на проблемите.
Жалите ли поради нешто?
„Најмногу поради моментите кои не ги искористив во Мадрид после повредата. Да бев малку повеќе строг кон себе работите можеби ќе беа поинакви“.
Дали некој од Реал од поранешните соиграч се сетил да ве побара?
„Секој го прави она што го сака. Мислев дека имам пријатели во соблекувалната на Реал, но тие не се грижеа за мене и не ми одговараа на пораките. Но, имав двајца пријатели со кој се знам од детството. Еден е во Ла Лига, друг во пониските лиги“.