Дома Македонски спорт Мак баскет Херојска победа на аеродромци: Фаворизираната Олимпија падна пред МЗТ!

Херојска победа на аеродромци: Фаворизираната Олимпија падна пред МЗТ!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, конечно, наплатија за сите порази по добри игри во последните неколку средби во АБА, па со фанатична борбеност во сите 40 минути ја совладаа фаворизираната Цедевита Олимпија (79-74).

Koшаркарите на МЗТ одиграа гладојаторски меч, се фрлаа на паркетот, гинеа еден за друг и го оставија срцето на паркет, што на крајот им донесе заслужен триумф.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Освен во првата четвртина, во која противникот делумно беше рамноправен, во преостанатиот дел бевме во водство, го диктиравме темпото, а во еден момент имавме и плус 14 (37-23). Љубљанчани својот квалитет го покажуваа во неколку наврати, но најмногу до изедначување, на што веднаш одговаравме со нова серија и водство кое на крајот и беше недостижно за „змајчеки“.

Јунак на вечерта беше Деандре Кук, кој во речиси првиот вистински меч во сино-белиот дрес одигра фантастично завршувајќи ја средбата со 26 поени.

Ништо помали не се заслугите ниту на Војдан Стојановски, кој имаше 18 поени со шест скока, додека двоцифрени беа и Мајк Кафи со 14 поени и Абдул-Малик Абу со 10 поени.

Следен јадрански предизвик за МЗТ Скопје е тимот на Морнар, на кој ќе му гостува следниот петок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…