Дома Македонски спорт Мак ракомет Хендави си замина од Битола, Е.Пелистер експресно му најде замена

Хендави си замина од Битола, Е.Пелистер експресно му најде замена

Еурофарм Пелистер направи промена на голманската позиција.

Египетскиот клуб Замалек од Карио ја откупи клазулата од договорот на Карим Хендави. Хендави дојде во февруари во Битола и голот на Е.Пелистер го бранеше во вториот дел од сезоната 2021/2022.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клубот од Битола брзо пронајде замена и тоа во унгарскиот репрезентативец Мартон Секељи.

„РК Еурофарм Пелистер соопштува дека нов член на нашиот клуб е унгарскиот репрезентативен голман, Мартон Секељи. 31-годишниот голман потпиша едногодишен договор и како и другите ракометари од ростерот на клубот, ќе се јави на првиот тренинг на 19 јули. Секељи минатата сезона ја мина во Порто, а претходно настапуваше за Балатонфуреди, Чурго, Татабања и Веспрем. За националната репрезентација собра 49 настапи. Во досегашниот дел на кариерата освои СЕХА Гаспром лига со Веспрем и двојна круна во Португалија со Порто. Беше прогласен за унгарски голман на годината во 2018 година. Клубот ќе го претстави по неговото пристигнување во Битола“, стои во клупското соопштение.

Треба да се спомене дека претходно Чаневски го напушти клубот, а дојде Кизиќ, па така во новата сезона битолскиот тим ќе влезе со целосно нова голманска постава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…