Репрезентацијата на Франција доживеа тежок пораз од Италија среде Париз во Лигата на нации, а после мечот било бурно и во соблекувалната.
Еминентниот „Екип“ открива дека Мајк Мењан вербално ги нападнал Килијан Мбапе и Антоан Гризман затоа што не бил задоволен од нивните настапи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мењан посочил на „катастрофалниот став“, како и на фактот дека „само двајца италијански играчи можат да влезат во францускиот тим, но победија благодарение на нивната агресивност и желба“.
Според „Екип“, додека Мењан го држел говорот, сите останати фудбалери молчеле, а Мбапе и Гризман останале со наведнати глави, не сакајќи да влегуваат во дополнителен конфликт.