Дома Фудбал Италија Хамшик искрен: Инсиње не е Марадона

Хамшик искрен: Инсиње не е Марадона

Може да се каже сосема искрен одговор…

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Капитенот на Наполи, Марек Хамшик беше запрашан да направи споредба помеѓу сегашниот миленик на навивачите, Лоренцо Инсиње и Диего Марадона.

„Неспоредливи се. Марадона сепак е последниот кој го донесе Скудетото за Наполи и обележи една успешна ера во овој клуб. Ние сме сега само компактна, квалитетна група на играчи, но ни недостасува титулата“.

„Би сакал кога би го повториле успехот на Марадона и Брусколоти тогаш би можеле да не сместувате во иста реченица“, изјави Словакот и потсети на тандемот кој беше последен кој донел титула во Неапол во 1987 година.

Тимот од под Везув во овој момент се наоѓата на петтата позиција во Серија А.

Во последното коло доживеаа шокантен пораз од Сампдорија (0:3), во следното коло ги очекува натпревар против незгодната Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот в…