Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез ова лето се врати во Реал, но се чини дека нема да добие значајна улога во тимот на „кралевите“.
Хамес моментално е повреден, но Зидан не смета на него, па Реал е спремен да го продаде во зимскиот преоден рок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Колумбиецот помина две сезони во Минхен, но Баварците не сакаа да го откупат неговиот договор. Сега Хамес на маса има четири понуди, од Наполи, Јувентус, Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Шпанските медиуми тврдат дека италијанските клубови имаат предност пред англиските поради одличната соработка со неговиот агент Жорге Мендеш.
Меѓутоа, финансиската понуда на премиерлигашите е подобра, па сега останува Хамес да ја избере својата следна дестинација, со оглед на фактот дека нема иднина во Мадрид.