Ерлинг Халанд се уште нема намера да го напушти Манчестер Сити, но неговите застапници повторно му ја отворија можноста за нов договор.
Англиските медиуми пренесуваат дека Норвежанецот е спремен да потпише нов договор со „граѓаните“ според кој би добил поголема плата, но и исто така инсистира во него да има и откупна клазула.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Халанд своевремено токму од таа причина избра да премине од Салзбург во Борусија Дортмуд, германскиот клуб во договорот му овозможи откупна клазула во износ од 60 милиони евра и тоа не беше проблем Сити да ја активира.
Според Фабрицио Романо клазулатак оја би била договорот ќе важи за сите европски клубови, сумата не се открива, но се шпекулриа дека ќе биде нешто над 100 милиони евра. Новиот договор ќе го направи Халанд и најплатен во Премиер лигата, па така и клубот кој ќе сака да го доведе ќе треба да му обезбеди огромни примања.