Дома Фудбал Останато Фудбалски натпревар во Украина се играше пет часа

Фудбалски натпревар во Украина се играше пет часа

Украинските фудбалски прволигаши Дњипро и Олександрија во понеделникот одиграа натпревар кој траеше скоро пет часа и тоа најдолгиот во историјата на украинското првенство.

Натпреварот од 13. коло во украинското првенство кој се играше во Дњипро започна во 17:00 часот, а се заврши нешто пред 22 часот, по скоро 280 минути.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Причината беа бројните прекини поради алармите за воздушни напади. Натпреварите во Украина поради безбедносни причини се играат пред празни трибини и мораат да бидат прекинати во случај на воздушна опасност. Алармите за време на овој натпревар се огласија неколку пати.

„Ова е најдолгиот натпревар во украинскиот фудбал“, пренесуваат украинските медиуми.

На крајот Дњипро победи со 1:0, единствениот гол на натпреварот го постигна Александар Филипов по 34 минути игра. Дњипро во овој момент се наоѓа на второто место во првенството со 27 бодови колку што има и водечкиот Кривбас. Шахтјор е четврти, додека гигантот Динамо Киев е дури осми со 16 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…