Дома Трансфер зона Фудбалскиот свет во исчекување на големи вести: Халанд би можел да одлучи во петок

Фудбалскиот свет во исчекување на големи вести: Халанд би можел да одлучи во петок

Борусија Дортмунд наводно му поставила краен рок на Ерлинг Халанд да одлучи за нов клуб.

Откако тимот се најде на чекор од испаѓање од Европската лига, раководството на клубот, според Cadena SER, одлуката на Халанд ќе ја бара до петок.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Норвешкиот фудбалер претходно изјави дека не е среќен што клубот го притиска прерано да донесе одлука. Сакаше да се фокусира на крајот на сезоната, но Борусија очигледно сака да знае на што е и затоа му дадоа рок до петок да одлучи.

Пет тима се борат за потпис со 21-годишниот напаѓач. Кадена СЕР наведува дека главен фаворит за негов трансфер е Манчестер Сити.

Покрај овој тим се и Реал Мадрид, Барселона, Баерн и ПСЖ, а на маса има и понуда за продолжување на соработката со Борусија.

Ерлинг Халанд за Борусија одигра вкупно 79 натпревари и постигна 80 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола се изввини за своето однесување по поразот од Њукасл: Се чувствувам непријатно и засрамено

Менаџерот на Манчестер Сити Жозеп Гвардиола потврди дека екипата моментално го заборави по…