За голем дел љубители на фудбалот сигурно е сон да заиграат на „Вембли“, но за овој човек тоа и не е некоја голема работа.
Син Риг беше член на фудбаслкиот клуб од Лига 2 Њупорт Коутри кој ќе игра против Тотенхем на „Вембли“, но овој фудбалер на само два дена пред натпреварот одлучи да стави крај кариерата како фудбалер и да започне ново поглвје.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, тој се одлучи фудбалот да го замени со тетоважите, односно да започне со тетовирање.
„Му кажав на Син да остане. Одлуката фудбалот да го замени со цртањето тетоважи ја донесе од поодамна. Се обидов да го убедам да го промени мислењето, но тој е паметен и едноставно повеќе не е заљубен во оваа игра. Беше одличен и навистина сакав да остане, на крајот се беше завршено пријателски“, изјави менаџерот на клубот Мајкл Флајн.
Риг оваа сезона собра 21 настап.