Дома Фудбал Фудбалерот на Реал од 80 милиони евра се повреди по Ел Класико

Фудбалерот на Реал од 80 милиони евра се повреди по Ел Класико

Чуамени го повреди левото стапало, соопшти Реал Мадрид, а фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо откри дека францускиот играч за врска ќе отсуствува меѓу шест и осум недели.

Тоа е голем удар за мадридскиот клуб, каде што Чуамени стана многу важен играч во тимот на тренерот Карло Анчелоти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Секогаш кога Чуамени беше во првиот тим, Реал не губеше оваа сезона. Досега како централен играч за врска има 14 настапи и постигнато еден гол.

Да потсетиме, тој во клубот пристигна лани од Монако за 80 милиони евра. Неговиот договор е со важност до летото 2028 година.

Повредата на Чуамени доаѓа по победата на Реал над Барселона (2:1) во Ел Класико во 11. коло од шпанскиот шампионат. Французинот ги одигра сите 90 минути и учествуваше во големиот пресврт, кој го донесе Џуд Белингам со два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит: Гвардиола чудно го гледаше новинарот, а потоа му постави едно прашање

Овој викенд Манчестер Сити очекува дуел во шеснаесеттина финалето на ФА купот против ниско…