Македонската женска А репрезентација на извлекување во УЕФА ги дозна противниците во групата за премиерното издание од Лига на Нации во женска конкуренција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Нашите најдобри фудбалерки на ждребот во Нион добија „соседска“ група, односно за првото место во групата ќе се соочиме со селекциите на Бугарија и Косово.
Репрезентацијата предводена од селекторот, Кирил Изов е во Ц сегментот во Лига на Нации, а денешното извлекување реши да биде дел од единствената група што ја сочинуаат само три селекции.
Ц1: Малта, Молдавија, Летонија, Андора;
Ц2: Турција, Луксембург, Литванија, Грузија;
Ц3: Азербејџан, Црна Гора, Кипар, Фарски Острови;
Ц4: Израел, Естонија, Казахстан, Ерменија;
Ц5: МАКЕДОНИЈА, Косово Бугарија;
Победниците по група автоматски обезбедуваат промоција во Б – дивизијата, додека трите најдобри второпласирани селекции ги очекуваат бараж дуели со трите најдобри третопласирани селекции од групите од Б – лигата.