Дома Фудбал Германија Фудбалерите избраа: ТОЈ е најдобар тренер во Бундес лигата!

Фудбалерите избраа: ТОЈ е најдобар тренер во Бундес лигата!

Фудбалерите од Бундес лигата ги избраа своите фаворити за првата полусезона во категориите фудбалер, голман и тренер.

Вкупно 219 фудбалери го дадоа својот глас, а за најдобри беа избрани Роберт Левандовски, Ралф Ферман и Доменико Тедеско.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Победата кај тренерите беше убедлива. 32-годишниот стратег на Шалке кој ги врати „сините“ на второто место на табелата доби 48,9% од гласовите. Зад него остана Јуп Хејнкес од Баерн Минхен со 14,6%, а на третото место беше тренерот на Аусбург, Мануел Баум со 11% гласови.

Меѓу фудбалерите Левандовски е без конкуренција со освоени 26,5% гласови. На второто место е Леон Бејли со 11,4%, а на трето место во изборот е Налдо од Шалке со 10%.

Чуварот на голот на Шалке, Фермен оставил најсилен впечаток кај фудалерите со 15,5% гласови пред Свен Урлих (Баерн М) и Питер Гулучи (Лајпциг) со 11,4%.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…