Фудбалерот роден во Рим, Давид Фратези и официјално е нов фудбалер на Интер.
Фратези во редовите на „нероаѕурите“ доаѓа од Сасуоло и тоа како замена за Марсело Брозовиќ кој се пресели во Ал Наср.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Првите фудбалски чекори Фратези ги направи во Лацио, а потоа во 2014-та се пресели во Рома каде што беше дел од младинските категории. Во Сасуоло пристигна во 2017-та година, но пред да добие вистинска шанса беше испраќан на позајмици во Асколи, Емполи и Монца.
Во изминатите две сезони игра на навистина високо ниво и беше еден од најбараните играчи во средниот ред, голем интерес за неговите услуги покажа и Јувентус.
Тој е второ засилување за Интер, откако претходно пристигна Маркус Турам.
Semplicemente perfetta 📸#ForzaInter #WelcomeDavide pic.twitter.com/m8M3eCrfqE
— Inter (@Inter) July 7, 2023