Францускиот тим обезбеди пласман во осминафиналето на Европското фудбалско првенство во Германија, без ниту еден играч на оваа репрезентација да постигне гол.
Имено, Франција во моментов има четири бода во групата Д, што секако е доволно за да ги мине останатите групи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во првото коло ја совлада Австрија со автоголот на Максимилијан Вобер. На тој натпревар Франција имаше 14 удари кон голот на Австрија, но само три од нив завршија во рамките од голот.
Беа уште поагилни против Холандија со 16 шута, но учинокот повторно беше ист – само три кон голот. Тој натпревар заврши без победник 0:0.
Франција денеска во третото коло на ЕП игра со Полска, а во нивната група играат уште Холандија и Австрија. Французите се сигурни осминафиналисти, веројатно и Австрија на која и треба бод за сигурен пласман, меѓутоа и со пораз денеска би можела да се најде во нокаут фазата.
Двата натпревари се играат во исто време од 18:00 часот.