Фудбалерот за врска, Франк Кеси како слободен играч по истекот на договорот со Милан се пресели во Барселона и клубот од „Камп Ноу“ од него имаше големи очекувања.
Сепак, сега репреентативецот од Брегот на Словновата Коска е незадоволен од минутажата која ја добива во Каталонија, а истата во новата сезона би можела и да се намали поради пристигнувањето на Илкај Гундоган.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според последните информации, следната десетинација на Кеси би можела да биде Саудиска Арабија.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Ал Наср и Ал Хилал му нудат неколку пати поголема плата од онаа што ја има во Барселона. Но, за трансфер на Кеси согласност мора да даде и Барселона бидејќи Кеси има се уште важечки договор, се шпекулира дека во Барса би можеле да бараат оштета од околу 20 милиони евра.