Дома Фудбал Фото: „Ѕвер до ѕвер“ – Еве што возат фудбалерите на Реал Мадрид

Фото: „Ѕвер до ѕвер“ – Еве што возат фудбалерите на Реал Мадрид

Светската компанија за автомобили „Ауди“ секоја година на фудбалерите на Реал Мадрид им доделува по еден нов модел, но Кристиано Роналдо и Лука Модриќ на тренинзите доаѓаат со сопствени автомобили.

Роналдо се истакнува, Португалецот вози бел Мерцедес AMG S65, додека Лука Модриќ на тренинзите доаѓа со Бентли вредно околу 170.000 фунти.

Резервниот голман Кико Касиљас не е љубител на Ауди, па се вози во Порше Карера GTS.

За разлика од нив, останатите фудбалери на „кралевите“ ги почитуваат клупските прописи и во склад со спонзорскиот договор ги возат моделите на „Ауди“. Најчесто се одлучуваат за Ауди RS5 или RS8.

Герет Бејл избра Ауди SQ7TDI, а Серхио Рамос RS6 Quattro. Секако секој од фудбалерите на славниот клуб во својата гаража има неколку скапоцени автомобили.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зидан го пофали Лукас Да Куња за играта во средината на теренот

Зинедин Зидан изрази задоволство од настапите на Лукас Да Куња за Франција во Лигата на на…