Тимуе Бакајоко даде необично ветување, а набрзо и го исполни, па сега уште полесно може да го препознаете на улица.
Бакајоко ова лето пристигна во Челзи од Монако и 23-годишниот играч за врска им се заколна на фановите дека ќе ја бојадиса коста во сина кога ќе го постигне деби голот во Премиер лигата.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
По постигнувањето на голот против Карабаг во Лигата на Шампионите, следуваше и голот против Кристал Палас во шампионатот. Иако тој гол не им беше потребен на „Сините“, бидејќи од тој меч очајниот Палас победи, Бакајоко го исполни ветувањето.
Сега одлучи да покаже дека е човек од збор, па има сина коса, иста каков што е дресот на Челзи. Сигурни сме дека Бакајоко во наредниот период ќе има уште еден дополнителен предизвик и би можеле да го видиме во некое друго издание.