Фудбалерот на Ливерпул Дејан Ловрен често пати добива критики за својата игра во дресот на Ливерпул, но изгледа дека кога во прашање е бизнисот надвор од фудбалот му оди сосема добро.
Дефанзивецот на „црвените“ неодамна отвори свој хотел и секако за истиот е потребен персонал кој ќе работи. Хрватот се одлучи соодветниот кадар да го бара преку својот официјален Инстаграм профил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ловрен објави слика од хотелот под која напиша: „Бараш работа? Стани дел од „Joel hotel“ тимот! Бараме готвачи, келнери, рецепционери и собарки“.
За брзо во коментар се јави неговиот сонародник и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ кој му се понуди да му помогне околу документите.
„Aко ти се потребни документи имам добар човек за тоа!“, гласеше коментарот на играчот за врска на Реал Мадрид.