Легендарниот стратег, Сер Алекс Фергусон сигурно ќе остане запаметен како еден од најдобрите тренери во историјата на Манчестер Јунајтед, но и Аберден со кој се претстави на фудбалскиот свет.
Фергусон на клупата на Манчестер Јунајтед помина скоро 30 години и освои се што можеше да се освои. Овој 76 годишен стратег на „Олд Трафорд“ пристигна после одличните резултати на клупата на Аберден и тоа летото 1986 година. Ферги ќе остане засекогаш запаметен кај навивачите на Аберден кои и денес зборуваат за неверојатните успеси на овој тим од тој период.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Многу фудбалери кои тогаш го носеа дресот на овој шкотски тим имаат многу анегдоти со Фергусон, но една е над сите. Имено, Фергусон во една прилика одлучил да ги казни своите играчи со одземање по три фунти од платата што за тоа време и не беше мала казна.
Тој ги фатил своите играчите како фрлале топки низ прозорот во хотелот во кој биле сместени пред натпреварот. Но, начинот на кој им ја соопштил казната е генијален. Фергусон напишал песна во која им соопштува дека ги казнува и зошто го прави тоа.