Европското фудбалско првенство е пред самите врати, турнирот започнува во петок со мечот меѓу домаќинот Германија и Шкотска, а еден месец подоцна ќе дознаеме кој е најдобриот тим на континентот.
Борбата за честа ја започнуваат 24 репрезентации во кои играат повеќето најдобри европски фудбалери.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Некои од нив нема да ги видиме на овој турнир бидејќи ги немаше на конечните списоци на нивните селектори или нивните репрезентации или не се пласираа на завршниот турнир.
Од имињата кои ќе отсуствуваат, составен е тим од топ 11 кои без сомнение би можеле да се натпреваруваат со најсилните селекции во светот.