Дома Фудбал Лига на шампиони Флик: Кога дојдов во Баерн сите викаа дека тимот е катастрофа

Флик: Кога дојдов во Баерн сите викаа дека тимот е катастрофа

Во ноември Нико Ковач доби отказ на клупата на Баерн, а како привремено решение на клупата на германскиот гигант беше доведен Ханс Флик.

Флик на клупата требаше да биде неколку натпревари додека клубот не пронајде решение, но Баерн со него се препороди, па клубот му даде шанса, а тој им возбрати на најдобар можен начин – со тројна круна!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што одминуваше времето на клупата, Баерн на Флик се претвораше во вистинска машинерија, круна на сезоната беше вчерашната победа против ПСЖ. Флик од неговото доаѓање од ноември на 36 натпревари успеа да оствари фантастични 33 победи.

„Кога дојдов тука, низ медиумите се пишуваше „Повеќе нема потреба за страв од Баерн“, „Овој Баерн е катастрофа“…И слични работи. На сето тоа мојот тим одговори спектакуларно. Резултатите кои ги остваривме се плод на напорна работа. Да се освојуваат титули не е лесно, ама овој тим покажа дека има моќ и квалитет за такво нешто. Единствена работа која ни недостигаше беа нашите навивачи“, изјави Флик после освојувањето на титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Федерико Киеза oд следната сезона во големиот ривал на Јувентус!?

Поради „заладените“ односи меѓу фудбалерот Федерико Киеза и тренерот Масимилијано Алегри и…