Дома Фудбал Останато ФИФА со 2.46 милијарди евра ќе го спасува глобалниот фудбал

ФИФА со 2.46 милијарди евра ќе го спасува глобалниот фудбал

„Њујорк Тајмс“ објави како Светската фудбалска федерација има намера да создаде фонд за да помогне на фудбалската индустрија која се соочува со криза поради пандемијата од коронавирусот.

ФИФА е спремна да тргне во реализација на планот за спас на фудбалската индустрија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Светската фудбалска организација се свесни дека клубовите е имаат проблеми со кризата, а еден веќе банкротираше. Жилина од Словечка објави банкрот иако пред прекинот на првенството клубот беше на втората позиција во домашното првенство.

Бројни клубови се приморани да ги намалуваат платите на фудбалерите.

„ФИФА е во цврста финансиска положба и наша должност е да направиме се што можеме за да помогнеме во овој момент. Поради тоа потврдуваме дека се работи на разни опции за помош на фудбалските заедници ширум светот“, соопштија од ФИФА.

Според информациите ФИФА имала парична резерва во износ од 2.46 милијарди евра и сега разгледува опција за користење на оваа резерва за да помогне на фудбалот.

Службениците на ФИФА со седиште во Цирих го проценуваат краткорочното и долготрајното влијание на коронавирусот на глобалниот фудбал, а после ќе утврдуваат на кој начин може да помогнат. Фондот (паричната резерва) би можел да обезбеди некакви кредити со цел брзо да се обезбеди финансиската поддршка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лео Меси нема да игра за Аргентина на претстојните два натпревари

Мартовскиот репрезентативен термин ќе го користи и селекцијата на Аргентина, но „Гаучосите…