Дома Фудбал Останато ФИФА ги објави 11-те кандидати кои ќе се борат за наградата „Тhe Best“

ФИФА ги објави 11-те кандидати кои ќе се борат за наградата „Тhe Best“

Светската фудбалска федерација ФИФА ги објави најдобрите 11 играчи за 2021 година и еден од нив ќе ја освои наградата „Тhe Best“.

Карим Бензема (Реал Мадрид), Кевин Де Бруин (Манчестер Сити), Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед), Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Лионел Меси (ПСЖ), Нејмар (ПСЖ), Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Жоргињо (Челси), Н’Голо Канте (Челси), Килијан Мбапе (ПСЖ) и Мохамед Салах (Ливерпул), се фудбалерите кои се најдоа на списокот на ФИФА.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На почетокот на јануари ќе бидат избрани тројцата финалисти. Оваа награда во 2016 и 2019 ја освои Меси, Роналдо во 2017, Модриќ во 2018, додека минатата година добитник беше Роберт Левандовски.

За најдобар голман конкурираат: Алисон Бекер (Ливерпул), Едуард Менди (Челзи), Каспер Шмајхел Лестер, Мануел Ноер (Баерн) и Џанлуиџи Донарума (ПСЖ).

Гласањето на сајтот на ФИФА е отворено до 10. декември, додека церемонијата на која ќе бидат прогласени победниците е закажана за 17. јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан скапо ја плати победата над Ц. Звезда – се повредија двајца фудбалери!

На Милан му се повредија двајца фудбалери во натпреварот од шестото коло на Лигата на шамп…