Дома Трансфер зона Фиорентина тврди: Не го продаваме Киеза ни за 100 милиони!

Фиорентина тврди: Не го продаваме Киеза ни за 100 милиони!

Новиот соптвеник на Фиорентина, Роко Комисо категорично тврди дека клубот нема да ја продаде најголемата ѕвезда Федерико Киеза ова лето.

Киеза одлигра уште една одлична сезона, а сега блеска на Европското првенство за млади и го привлече вниманието на многу европски гигант.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Јувентус, Баерн Минхен, Ливерпул и Интер покажуваат најголем интерес, но од Фиорентина се категирични во тврдењето дека Киеза не е на продажба.

„За мене Федерико е најдобриот. Нема да го продадам дури ни за 100 милиони евра. Немаме потреба од пари“, изјави претседателот на Фиорентина.

„Во неговиот договор нема откупна клаузула. Сакаме да го задржиме Киеза најмалку уште една сезона. Мојата желба е да остане уште долго, но ќе видиме што ќе донесе времето. Сепак, ова лето нема да го продаваме“, додаде Комисо.

Медиумите во Италија шпекулираат дека Киеза веќе има договор со Јувентус и дека „старара дама“ е спремна да понуди 70 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …