Eкипата на Фиорентина до јавноста се огласи преку својот официјален Фејсбук профил.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во соопштениот од клубот од Фиренца се соопштува дека аутопсијата на телото на Давиде Астори ќе се изврши на 6 март (утре).
„Фиорентина заедно со семејството на Давиде Астори ја иформира јавноста дека аутопсијата на Давиде ќе се изврши во вторник 6 март кога неговото тело ќе биде донесено во Фиренца. Последното збогување и погребот ќе бидат одржани во четврток, 8 март во 10 часот во базиликата „Санта Кроче“, гласи соопштението на италијанскиот клуб.
Според последните ифнормации од клубот имаат намера и покрај неговата смрт да го продолжат договорот и парите да ги исплаќаат на неговото семејство.