Стигнавме и до самиот крај на Мундијалот, денес се игра големото финале на Мундијалот!
Хрватска ги сонува најубавите фудбалски соништа во кои веруваа само најхрабрите навивачи на оваа селекција. На стартот од првенството ја победија Нигерија со 2:0, автогол си постигна Етебо. Во второто коло го одиграа највпечатливиот натпревар кога ја совладаа Аргентина со високи 3:0, за во последното коло да го победат и Исланд за со максимални девет бодови да се пласираат во осминафиналето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во осминафиналето Хрватите стартуваа со драматичните натпревари.
Данска поведе со 1:0 уште во првата минута, за само три минути подоцна Манџукиќ да изедначи на 1:1, така беше поставен рекорд на Светското првенство за натпревар во кој двете селекции најбрзо постигнувале гол. Ништо не се случуваше до самиот крај на второто продолжение. Тогаш Хрватска доби пенал, но сепак Каспер Шмајхел го одбрани ударот на Модриќ. На крајот решаваа пеналите, а таму голманот Субашиќ со три одбранети пенали и донесе четвртфинале на Хрватска.
Во четвртфиналето ги чекаше Русија која ја елиминираше силната Шпанија. Повторно Хрватите први примија погодок. Черишев со вистинска мајсторија во 31 минута го отвори резултатот. Девет минути подоцна „Коцкестите“ стигнаа до изедначување преку Андреј Крамариќ. На крајот и овој натпревар отиде во продолженија.
Хрватска беше подобрата репрезентација на теренот, а на крајот тоа го искористи со голот на Домагој Вида во 101-та минута, сепак на пет минути пред крајот изедначи Фернандеш, па Хрватска мораше да игра и втор пенал рулет во низа, за нивна среќа и овој пат беа поуспешни.
Во полуфиналето ги чекаше Англија која беше во еуфорија и се надеваше на светска титула. Како и во претходните натпревар Хрватска и прва прими гол. Трипие отвори со одличен гол од слободен удар. Негатива балканската селекција имаше се до 68 минута кога Иван Перишиќ донесе огромна радост. До крајот Хрватите заиграа подобро и можеа и до резултатски пресврт, но немаа доволно среќа. „Коцкестите“ и трет пат мораа да играат продолженија. Сепак, овој пат не дозволија натпреварот да отиде на изведувања пенали. Марио Манџукиќ го постигна одлучувачкиот гол кој и обезбеди финале на Хрватска.
Во Хрватска владее целосна екстаза и лудило, како и не би било така кога самиот влез во финалето е најголемиот успех во историјата на хрватскиот спорт. Доколку Хрватска го освои Мундијалот би станала втората најмала земја која се искачила на тронот на светот, после Уругвај во далечната 1950 година.
Франција е една од најдоминантните репрезентации на турнирот и ги оправдаа очекувањата на обложувалниците кои од почетокот ги сметаа за едни од првите фаворити. Во првото коло ја совладаа Австралија со 2:1, а потоа со слична игра стигнаа и до победа против Перу во второто коло и така си обезбедија осминафинале. Во последното коло со Данска го одиграа веројатно најдосадниот натпревар на Светското првенство кој заврши на 0:0.
Веќе во осминафиналето Франција се сретна со ранетата Аргентина која избегна елиминација во групната фаза. Во вистински спектакл и натпревар со седум погодоци, Франузите обезбедија победа од 4:3.
Во четвртфиналето се сретнаа со Уругвај, а со головите на Варан и Гризман обезбедија победа од 2:0. Полуфиналето против Белгија повторно го одлучуваше стопер, Умтити беше тој кој го постигна победничкиот гол.
Дидиер Дешам ги поминува можеби најдобрите денови од својата тренерска кариера, беше блиску до отказ кога во квалификациите ремизираше против Луксембург, а јавноста му забележи и кога го објави списокот на патници за Мундијалот.
Сега се покажа дека има јасна визија, но сето тоа ќе падне во вода и ќе се заборави доколку Хрватска го направи она што од нив го очекува целата држава, но и целиот Балкан. Франција со евентуална победа би стигнала до својата втора светска титула, после онаа од 1998 година.
Веројатни состави:
Хрватска (4-3-3): Субашиќ, Вршаљко, Ловрен, Вида, Пивариќ, Брозовиќ, Модриќ, Ракитиќ, Ребиќ, Манџукиќ, Перишиќ
Франција (4-2-2): Лорис, Павард, Варан, Умтити, Хернандез, Погба, Канте, Матуиди, Мбапе, Гризман
Кога се коефициентите во прашање фаворити се Французите. Во онлајн обложувалницата „Coinbet24“ за победа на Франција добивате коефициент од 1.92, за реми тој изнесува 3.30, додека за типот на кој веруваме ќе одиграат и многу во нашата земја – победа на Хрватска „Coinebt24“, дава коефицент од 5.10.