Дома Фудбал Англија Фудбалер на Вест Хем доби посебна мотивација за натпреварот со Сити – бесплатно кафе до крајот на животот!

Фудбалер на Вест Хем доби посебна мотивација за натпреварот со Сити – бесплатно кафе до крајот на животот!

Викендов се игра последното коло во Премиер лигата, а во него со шанси за титулата влегуваат Арсенал и Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Сити има два бода повеќе од Арсенал, но во случај на ист број на бодови Арсенал би бил прв, па така на избраниците на Артета им одговара и реми на Сити. Секако, тие би морале да слават против Евертон.

Посебна мотивација пред овој натпревар доби дефанзивецот на Вест Хем, Владимир Куфал. Имено, неговиот пријател кој е навивач на Арсенал и има кафуле, му ветил бесплатно кафе до крајот на животот ако останат непоразени во недела.

Сити е фаворит против Вест Хем, но останува да видиме дали можеби ќе гледаме драматична завршница на сезоната во најсилната англиска конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…