Премиерлигашката сезона завршува со утрешните натпревари, а денеска Премиер лигата објави дека најдобар играч на сезоната е Фил Фоден!
Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден ја доби наградата за најдобар играч на сезоната. Покрај тоа, Фоден го доби и признанието за најдобар играч на сезоната во изборот на фудбалски новинари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Со само 23 години, Фоден е еден од клучните играчи на Сити оваа сезона. „Граѓаните“ се на една победа до нова титула, четврта во низа. Доколку успеат, ќе станат првиот тим во историјата со четири последователни титули во Премиер лигата.
Фоден постигна 17 гола и додаде осум асистенции на 34 натпревари кои ги одигра во лигата. Играше практично на две позиции, а е втор по бројот на одиграни минути за клубот.
🥁 Give it up for your @EASPORTSFC Player of the Season…
— Premier League (@premierleague) May 18, 2024
✨ Phil Foden ✨#PLAwards | @ManCity pic.twitter.com/MGwkYu19Or