Дома Фудбал Останато Финале Копа Америка: Може ли Перу да ја расипе журката на Бразилците?

Финале Копа Америка: Може ли Перу да ја расипе журката на Бразилците?

Стигнавме до големото финале на Копа Америка. На Маракана во Рио ќе играат Бразил – Перу, неочекувано финале според многумина, но секако меч против две екипи кои заслужено стигнаа до тука. Домаќинот е фаворит, а веќе еднаш славеше над Перу на овој шампионат, но ова е финале и ништо нема да биде исто како на тој меч.

Бразил по петти трофеј на домашен терен

Историјата укажува на тоа дека кога Бразил е домаќин на Копа Америка, тие го освојуваат трофејот. Тие славеа во секоја од четирите наврати кога турнирот се одржа во Бразил. Би било големо изненадување ако не стигнат до петтиот трофеј на Копа Америка на домашен терен. Откако Колумбија и Уругвај неочекувано испаднаа во четврт-финалната фаза, натпреварот во вторникот против Аргентина беше беше како финале за Бразил. Тие славеа со 2:0, но не импресионираа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразил дури и не може да се пофали со многу добра или атрактивна игра досега на турнирот и само на еден меч поажа убедлива игра. Интересно, но тоа беше токму мечот од групната фаза против Перу. Пред само неделаипол овие две селекции играа во групата и Бразил славеше со убедливи 5:0. Тогаш, никој не очекуваше дека во финалето повторноќе го следиме тој дуел, но ете се случи токму тоа.

Бразил без примен гол досега

Но, екипата на Тите покажа импресивна ментална сила и издржливост – факт илустриран со нивниот одличен дефанзивен рекорд. Пет натпревари на овој турнир, а Бразил сеуште нема примено гол. Освен тоа, нивните противници со исклучок на Аргентина која имаше одлични шанси за гол, немаа посериозни можности бидејќи одбраната на Бразил е беспрекорна. Тоа е доказ дека Тите има одлична филозофија и знае што прави, а за играчите во задната линија се движат како по учебник. Голем удел во тоа имаат и деструктивците од средниот ред, но речиси како никогаш досега дури и напаѓачите ја играат својата улога во дефанзивата.

Единствен проблем за Тите пред финалето е левиот бек Фелипе Луис кој се уште се бори со малите проблеми со тетивата. Ако не успее да се опорави, Алекс Сандро повторно ќе започне. Вилијан веќе е сигурно дека нема да игра во финалето поради повреда, но Алисон се опорави и ќе почне од сгартот. На останатите позиции Тите ќе започне со истиот тим како на предходните дуели.

Перу веќе се врати на фудбалската карта

Она познатото “Среќни сме само со пласманот во финалето” ќе биде како клише да се примени во селекцијата на Перу овој викенд, Но има елемент на вистина во тоа. Познатите Инки ќе играат во финалето на Копа Америка за прв пат по 44 години. Тоа е одличен успех без разлика на кој начин стигнаа до таму. Ова за нив е едно ново поглавје под водство на Рикардо Гарека. Тие стигнаа до полуфиналето во 2015 и 2016 година и играа на Светското првенство минатото лето за прв пат по 36 години. Што и да се случи следно, овој тим го врати Перу на фудбалската карта.

Гарека знае како да го извлече најдоброто од тимот

Задачата на Гарека е да се осигура дека неговите играчи ќе имаат перформанс како против Чиле, во кој се прикажани сите нивни најдобри карактеристики: постојан притисок, смело поминување на противникот и брзина на крилата. Во четвртфиналето против Уругвај и во полуфиналето против Чиле тие не примија гол, а ги истакнаа токму нивните предности. Ако се тргне на страна мечот против Бразил и поразот од 5:0, тие имаат одличен шампионат и тоа против посилни селекции од оние со кои играше Бразил. А оној меч против Бразил за нив треба да биде една ноќ што треба да се заборави, особено за некои играчи како голманот Педро Галесе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…