Дома Македонски спорт Мак фудбал Филип Миленковски се врати во дресот на Брегалница

Филип Миленковски се врати во дресот на Брегалница

Филип Миленковски повторно се враќа во дресот на Брегалница. Искусниот дефанзивец ги засилува редовите на „сините“ за актуелната сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Миленковски претходно беше дел од Брегалница во сезоната 2019/2020 од каде премина во редовите на Струга ТЛ, па потоа продолжувајќи преку Пелистер сега повторно се враќа во синиот дрес.

„Добиваме докажан прволигашки фудбалер кој со значителното сопствено искуство треба да донесе дополнителен квалитет во дефанзивните линии“ – истакна по потпишувањето на договорот со Миленковски, спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.

Претходно во својата кариера, Филип Миленковски има настапи и за кратовски Силекс.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …