Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, јавно го советуваше раководството на клубот да го донесе Герет Бејл на „Олд Трафорд“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Легендарниот дефанзивец тврди дека токму Бејл е вистинскиот човек кој може да ги врати „црвените ѓаволи“ на победничките патеки.
„Би сакал Јунајтед да го донесе Бејл ако е можно. Неговата цена не е многу висока и треба сериозно да размислат на таа тема. Оваа сезона не е особено успешна за него, но и покрај тоа постигна 16 гола што воопшто не е малку”, изјави Фердинанд.
„Мислам дека тој може да заврши одлична работа во Јунајтед и да му помогне на тимот во битката за трофеи“, додаде поранешниот репрезентативец на Англија.