Дома Фудбал Англија Фердинанд: Видиќ се плашеше единствено од Торес

Фердинанд: Видиќ се плашеше единствено од Торес

Поранешниот дефанзивец на Манчестес Јунајтед, Рио Фердинанд откри дека на неговиот тогашен тимски колега Немања Видиќ најмногу проблеми му создавал Фернандо Торес.

Легендарниот Ел Нињо во тоа време важеше за еден од најдобрите напаѓачи на светот, а Видиќ за еден од најдобрите стопери. Сепак, Торес често успеваше да го надмудри Видиќ.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Некои играчи секогаш играа на крило за да избегнат дуел со нас. Сепак, во кариерата секогаш имаш еден играч кој е незгоден за тебе. Можеби не е најдобар на светот, но неговиот стил ти прави големи проблеми. За Видиќ тоа беше Торес. Тој е единствениот играч кој секогаш му создаваше проблеми на Видиќ.“ – изјави Рио.

Видиќ и Фердинанд се веројатно еден од најдобрите стоперски тандеми во историјата на фудбалот, а Торес против нив играше во дресовите на Ливерпул и Челси.

Интересно е што Торес и Видиќ Премиер лигата ја напуштија во 2014. година. Ел Нињо премина во Милан, а Немања во Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …