Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон зборуваше за одлуката на својот пријател Арсен Венгер да го напушти Арсенал на крајот на сезоната.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Венгер цели 22 години беше на кормилото на Арсенал, а во поголемиот дел од кариерата најголем ривал му беше токму Фергусон.
„Навистина сум среќен за Арсен Венгер. Имам огромна почит кон него и работата која ја заврши во Арсенал. Тоа што посвети 22 години од животот на Арсенал е доказ за неговиот талент, професионализам и решителност. Добро е што ја објави веста во овој дел од сезоната, за да може да го добие испраќањето кое го заслужува. Тој е без сомнеж еден од најголемите менаџери во Премиер лигата и се гордеам што беше мој ривал, колега и пријател“, изјави Фергусон.